Случај „Империја“

Империја заврши со спогодба за бизнисменот Орце Камчев

29.04.2022 19:57

Орце Камчев и Ненад Јосифовиќ се спогодиле за случајот „Империја“, информира Обвинителството. Првиот признал вина за злоупотреба на службена положба и овластување, вториот за перење пари...

Орце Камчев и Ненад Јосифовиќ се спогодиле за случајот „Империја“, информира Обвинителството. Првиот признал вина за злоупотреба на службена положба и овластување, вториот за перење пари.

„Двајцата обвинети го признаа извршувањето на кривичните дела и се согласија да им биде изречена казна затвор во траење од по една година, во која ќе им се пресмета и времето поминато во притвор“, информира Обвинителството.

Правното лице „Кара“, како правен наследник на „Орка Холдинг“ и компанијата „Хоор“ од Кавадарци платиле речиси 321 милион денари за да ја надоместат штетата во буџетот. Останатите обвинети имаат право на увид во доказите, по што обвинителот ќе донесе одлука.