Македонија

Дојран со полни капацитети за празничниот продолжен викенд

30.04.2022 11:25

Дојран очекува околу 15.000 гости за празникот и продолжен викенд, Пополнети сместувачките капацитети. Гости од земјава и соседството...

Гости од земјава, но и од соседните држави се веќе сместени во македонскиот медитерански бисер за претстојниот празник. Капацитетите исполнети, се бара легло повеќе, а општинските власти, подготвени да ги пречекаат сите гости кои ќе празнуваат во Дојран по укинувањето на анти-ковид мерките.

Временските услови иако неповолни, сепак туристите не одолеаа на дојранското крајбрежје.

Околу 15.000 туристи веќе се сместени во приватните и комерцијалните капацитети во Дојран. Угостителските објекти, кафе баровите и хотелите покрај дојранскиот брег, очекуваат и подготвено ги очекуваат гостите со цени кои за празниците остануваат непроменети.

Стојне Митева