Државата на меѓународниот пазар се задолжи за 250 милиони евра
Министерството за финансии информира дека парите се обезбедени под поволни услови преку издавање хартии од вредност на германскиот пазар, обврзница позната како НСВ. редствата ќе се искористат за отплата на стари долгови кои доспеваат и за финансирање на буџетски потреби...

Државата на меѓународниот пазар се задолжи за 250 милиони евра. Министерството за финансии информира дека парите се обезбедени под поволни услови преку издавање хартии од вредност на германскиот пазар, обврзница позната како НСВ.
Средствата ќе се искористат за отплата на стари долгови кои доспеваат и за финансирање на буџетски потреби. Каматната стапка изнесува 3,75% плус 6 месечен ЕУРИБОР. Рокот на отплата е три години, со 18 месеци грејс-период.
„Доколку одевме со нова еврообврзница, каматната стапка би била на ниво од околу 8%, па затоа министерството пристапи кон пронаоѓање на друг поповолен извор на финансирање“, појаснуваат од ресорот.
