Доларот зајакна, пад на цени на злато и нафта
Анти-ковид протестите во кинеските градови го зајакнаа американскиот долар, лизнаа цените на еврото и на златото за 0,4 насто. Значителен пад на нафтата поради намалена побарувачка за гориво во најголемиот светски увозник Кина…

Американската валута зајакна во однос на европската. Цената на еврото падна за 0,4 насто, на 1,0355 долари.
Вредноста на доларот во однос на кошницата со валути се зголеми, бидејќи е познат како безбедно засолниште за капиталот во несигурни времиња. Од друга страна и цените на нафтата, значително паднаа.
Трговците стравуваат дека протестот против мерките за Ковид-19 во Кина, ќе предизвика слабеење на побарувачката за гориво во најголемиот светски увозник на нафта. Цената на барелот на лондонскиот пазар падна за 2,6 насто, на 81,48 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 2,8 отсто, на 74,15 долари.
