Ковачевски: Инвестирајќи во патната инфраструктура, инвестираме во развој на економијата
Патната инфраструктура ја поврзува Северна Македонија и со регионот, а со тоа се создава основа за забрзан економски развој на земјата, изјави премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски заедно со министерот за транспорт и врски, Бочварски и заменик- директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Трпевски беа на увид на делницата Дреново-Фариш и пробивање на тунел на експресниот пат Дреново-Фариш.
Целта на Владата е патната инфраструктура во државата да ја подигне на значително повисоко ниво, бидејќи инвестирајќи во патишта, автопати, делници, експресни патишта, инвестираме во развој на економијата. Патната инфраструктура ја поврзува Северна Македонија и со регионот, а со тоа се создава основа за забрзан економски развој на земјата, изјави премиерот Ковачевски.
Од Владата соопштуваат дека втората делница од овој експресен пат е половина завршена и досега сите рокови се запазени. Тунелот Фариш кој беше еден од најтешките делови на оваа траса е со две цевки, од кои едната е целосно пробиена, а на другата цевка градежните работи течат со предвиденото темпо.
