Стопанската комора и УСАИД подготвуваат проект за поддршка на извозно ориентираните компании
Со цел јакнење на конкурентноста на македонските извозно ориентирани компании и нивните можности за регионално поврзување и пошироките пазари Стопанската комора и УСАИД преку соодветни анализи и алатки до крајот на јуни 2025-та година ќе ја изготват проект стратегијата за поддршка на овие компании...

Македонија хронично има високи трговски дефицити односно вредноста на увозот е многу поголема од онаа на извозот. Тој јаз во трговскиот дефицит дополнително се продлабочува со почетокот на корона кризата, а уште повеќе е присутен оваа година како резултат на увозната зависност од енергенси. Со цел да се намали неповолната извозна структура Стопанската комора и УСАИД, спроведуваат на една квантитативна стручна анализа за потемелно идентификување на извозните потенцијали на нашата економија, но и деталите во меѓународната трговска размена на секоја земја на ниво на поединечен производ.
Зајакнувањето на извозните квантитети и конкурентноста на извозно ориентираните компании, ќе се одвива преку таргетирана поддршка во процесот на регионализација и интернационализација на бизнис секторот и сет активности остварени во две основни цели велат експертите.
Проектот кој треба да придонесе за структурни промени во унапредувањето на нашиот извоз, ќе трае до крајот на јуни 2025-та година.
Стевче Митревски
