Изложба

Изложба на Филип Циглењак Симоновски во ДКЦ „Карпош“

14.12.2022 11:39

Изложбата е во организација на ЈУ Детски културен центар – „Карпош“, здружението „Во мојот свет“ и Идеа Лаб, од каде потенцираат дека деветгодишниот Филип, кој е момче со аутизам, преку талентот за цртање ги проширил границите на својот свет.

Околу 40 уметнички дела на Филип Циглењак Симоновски денеска ќе бидат изложени во ЈУ Детски културен центар „Карпош“.

Изложбата е во организација на ЈУ Детски културен центар – „Карпош“, здружението „Во мојот свет“ и Идеа Лаб, од каде потенцираат дека деветгодишниот Филип, кој е момче со аутизам, преку талентот за цртање ги проширил границите на својот свет.

Филип е редовен ученик во четврто одделение при основното училиште „Ристо Крле“ во Кадино, а од своја четиригодишна возраст, сосема случајно, почнува да слика акрил на платно. Оттогаш неговите слики, чии најчест мотив е природата, зборуваат со силни бои и носат наплив од емоции, се вели во најавата за изложбата.

Организаторите посочуваат дека со оваа изложба Филип ќе покаже колку е посебен, талентиран и единствен.

МРТ неодамна објави сторија за Филип и неговата уметност, која може да прочитате на следниот ЛИНК.