Енергетика

Стабилен и сигурен електроенергетски преносен систем со новиот далекувод во Овче Поле

18.12.2022 13:27

Со овој далекувод се зајакнува квалитетот на преносливоста, стабилноста и се намалуваат загубите на високонапонска електрична енергија што е од огромен јавен интерес во услови на глобална енергетска криза...

Премиерот Димитар Ковачевски и генералниот директор на АД МЕПСО, Орхан Муртезани денеска во Овче Поле присуствуваа на започнувањето на градба на 110 kV далекувод ТС Велес-ТС Овче Поле.

Како што информираат од владината прес- служба, со овој далекувод се зајакнува квалитетот на преносливоста, стабилноста и се намалуваат загубите на високонапонска електрична енергија што е од огромен јавен интерес во услови на глобална енергетска криза.

„Со овој далекувод обезбедуваме намалување на техничките загуби, сигурност во напојувањето и можност за приклучување на производните капацитети од обновливи извори на енергија, во кои забрзано се инвестира во изминатиот период. Изградбата на овој далекувод е дел од проектот за ревитализација на пет 110 kV далекуводи од кои два се веќе завршени и пуштени во употреба, а останатите два се во одредени фази на реализација. Вкупната инвестиција е 15,7 милиони евра, дел од кредитнa линија на ЕБОР а останатите се сопствено учество на АД МЕПСО“, посочи премиерот Ковачевски.

Ваквите капитални инвестиции се од клучно значење за севкупниот економски развој на државата и обезбедуваат редовен пренос на електрична енергија од домашните производствени капацитети или од увоз до сите клиенти на АД МЕПСО- нагласи Ковачевски.