Ковачевски: Нема да има ценовен шок за граѓаните
Се чека одлуката на Регулаторна, какви сметки ќе добијат граѓаните од први јануари. И првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски смирува-нема да има ценовен шок за граѓаните. Од Владата најавија можно намалување на цената за малите потрошувачи...

Според калкулациите на АД ЕСМ и покрај петпроцентното зголемување на ДДВ на почетокот од идната година не нè очекува електричен ценовен шок. Иако новата понудена цена за ЕВН Хоме е 56 евра или 16 проценти зголемување, имаме 23 проценти намалување на цената кон Електродистрибуција. Фокусот е ставен како да се најде начин како да се помогне на малите стопански потрошувачи велат од државните електрани.
Ковачевски вели дека во добра кондиција се и производните капацитети и во моментов дава системски и балансни услуги. Попладнето со бродски транспорт во солунското пристаниште треба да пристигне и трансформаторот за Блок-3. Очекуваат на мрежа да биде приклучен кон крајот на првата половина од идниот месец бидејќи сите подготовки за монтажа се веќе завршени.
Во екот на зимата очекуваат трите блока да вршат испорака на електрична енергија, а 280 илјади тони јаглен на депонија и соодветната дневна испорака од рудниците велат се добра основа за исполнување на планираното.
Стевче Митревски
