Продолжува дебатата за дополнетиот Предлог буџет за 2023 година
Македонското Собрание денеска во 11 часот треба да ја продолжи започнатата расправа за дополнетиот Предлог буџет за 2023 година. Вчера пратениците од опозицијата упатија критики за проекциите и планираните приходи и расходи, забележувајќи дека граѓаните се соочуваат со 20-процентна инфлација, дека нема доволно инвестиции во енергетиката и оти се трошат многу пари за увоз на струја...

Македонското Собрание денеска во 11 часот треба да ја продолжи започнатата расправа за дополнетиот Предлог буџет за 2023 година. Вчера пратениците од опозицијата упатија критики за проекциите и планираните приходи и расходи, забележувајќи дека граѓаните се соочуваат со 20-процентна инфлација, дека нема доволно инвестиции во енергетиката и оти се трошат многу пари за увоз на струја.
За Предлог-буџетот беа поднесени вкупно 263 амандмани, од кои околу 200 од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во Предлог-буџетот за следната година растот е проектиран на 2,9 отсто, а инфлацијата на 7,1 отсто. Вкупните приходи се планирани на ниво од 282 милијарди денари и се повисоки за 14,8 проценти во однос на 2022 година, а расходите на ниво од 324,8 милијарди денари или се за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година.
