Инфлацијата и работната сила најголем проблем за инвеститорите во земјава
Инфраструктурата, недостиг од работна сила, но и слабо квалификувана-ова се генералните проблеми на инвеститорите во земјава. Стопанската комора направила анонимна анкета. Заклучок се-товарот на високата инфлација, покачувањето на суровините за работа и нејасните услови на државата за помош на компаниите...

Инфлацијата и цената на енергенсите се најсериозни ризици за работењето на компаниите во 2023 година. Деведесет и четири проценти од компаниите сметаат дека се потребни нови финансиски мерки за ублажување на последиците од кризата, а 53 отсто сметаат дека инфлацијата расте, покажува анкетата на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство.
Од три до петпати се зголемени трошоците за електрична енергија кај 40 проценти од анкетираните компании. Дваесет и пет проценти од компаниите опфатени со анкетата, не се задоволни од инфраструктурата во местото каде ја вршат дејноста. 79 проценти од компаниите се незадоволни или делумно задоволни од состојбата со работната сила. Сите анкетирани компании ги имаат зголемено платите во 2022 година, при што зголемувањето во најголем дел се движи од 10 до 20 проценти.
Топ пет прашања на кои државата треба да се фокусира во 2023 година е на подобрување на инфраструктурата и навремено исполнување на договорни или законски обврски, усогласување на правилата за оправдани инвестициски трошоци за државна помош и сметководствени правила според меѓународните стандарди. Исто така, според анкетата, државата треба да се фокусира и на намалување на оперативните трошоци на ТИРЗ, усогласување на царинските увозни стапки со оние во ЕУ, како и олеснување на правилата и постапката за престој и работа на странските државјани.
Катерина Топалова
