Откупени скоро две третини од тутунот
Квалитетот на род на брзо го продаде тутунот. Досега се откупени повеќе од две третини од годинешнава реколта. Според процените на државниот инспекторат за земјоделство се очекува откупот да биде целосно завршен до нова година. Просечната цена досега е 286 денари за килограм...

Досега тутунопроизводителите добија највисока просечна откупна цена од скоро 286 денари за килограм, што претставува зголемување за повеќе од 40 проценти во однос на минатогодишната.
Откупот го вршат 10 регистрирани претпријатија на 200 пунктови со 223 ваги и 216 мостри. Според државниот инспекторат за земјоделство монополите веќе имаат преземено 17 500 од вкупно проценетото производство од 25.850 тони.
Прогнозите се оптимистички и велат дека откупот ќе биде целосно завршен пред новогодишните празници, со што сите тутунопроизводители за прв пат на своите сметки ќе ги добијат парите пред почетокот на следната година.
Досега се исплатени скоро 3,6 милијарди денари, а тоа ќе донесе и поголеми субвенции кои се плаќаат според откупените класи.
Склучени се вкупно 29.650 договори за производство што претставува зголемување за 7 проценти, а засадените површините се за 14 насто повеќе во споредба со ланската реколта.
Тутунот е еден од најзначајните извезувани земјоделски производи кај нас. Учествува со 18 проценти во домашниот извоз со скоро 140 милиони евра девизен прилив и вработува над 20 илјади семејства.
Методија Трајков
