Енергетска криза

Бектеши: Фирмите и општините одат на слободен пазар

21.12.2022 14:06

Општините и фирмите од нова година мора да се вратат на слободниот пазар и да купуваат струја по берзански цени, затоа што трошокот ќе удри по граѓанскиот буџет – дециден е министерот Бектеши. По најавите дека овие субјекти реагирале и до Уставниот суд за да бидат изземени од владината одлука, предупредува-ако треба ќе се менува и Законот за никогаш повеќе да не добијат електрична енергија по повластени цени...

Општините и големите фирми од нова година мора да се вратат на слободниот пазар и да купуваат електрична енергија по берзански цени, затоа што трошокот ќе удри по граѓанскиот буџет – дециден е министерот Бектеши. По информацијата од ЗЕЛС дека реагирале до Уставниот суд за да бидат изземени од владината одлука, тој предупредува – ако треба ќе се менува и Законот, за никогаш повеќе да не добијат електрична енергија по повластени цени.

„Ако одредени потрошувачи како што е направено во текот на оваа година, а се околу 3.100 броила, што значи над 2.000 правни субјекти одат на регулиран пазар, што значи трошокот на граѓаните од буџетот се зголемува за поддршка на ЕСМ за да може да набави или да произведува повеќе електрична енергија за потребите на регулиран пазар што значи дека товарот оди кон домаќинствата и микро и малите компании кои стварно имаат потреба. Јас тоа нема да го дозволам“, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Намалување на цената на електричната енергија на регулираниот пазар сигурно ќе има за микро и малите компании, бидејќи цените на берзите се стабилизирале.

„Тоа дозволува ние да можеме да интервенираме за да бидат поконкурентни нашите микро и мали компании, не само на нашиот пазар, туку и во регионот и пошироко. Значи намалување во делот на малите потрошувачи ќе има сигурно, средствата се обезбедени“, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Засега не се открива, за колку ќе се зголеми цената на струјата за домаќинствата од 1-ви јануари, се чека регулаторот да ги направи пресметките и на крајот на пресече.

Андријана Ѓурческа