„Макпетрол“ од 1-ви јануари нема да увезува и да испорачува природен гас
Нафтената компанија соопшти дека причината за ваквата ситуација се новите услови за работа кои ги предвидува, како што велат, прерано потпишаниот договор за интерконекција помеѓу државното претпријатие „ГА-МА“ и „Булгартрансгас“ од Бугарија...

„Макпетрол“ нема да увезува и да испорачува природен гас кон своите потрошувачи од 1-ви јануари.
Нафтената компанија соопшти дека причината за ваквата ситуација се новите услови за работа кои ги предвидува, како што велат, прерано потпишаниот договор за интерконекција помеѓу државното претпријатие „ГА-МА“ и „Булгартрансгас“ од Бугарија.
Од „Макпетрол“ велат дека со него, досегашните услови за увоз и испорака се неприменливи оти не се донесени подзаконските акти кои ќе го регулираат работењето на пазарот на природен гас, а и нема сертифициран оператор на системот за пренос на природен гас.
Компанијата веќе ги известила надлежните органи за настанатата ситуација.
