Бектеши: „Макпетрол“ сака вечно да биде монопол на пазарот, тоа нема да се оствари
Министерот нагласи дека сите консултации се завршени и ние како држава ги реализираме сите обврски кои ги имаме превземено од Енергетската заедница, а ако не се донесеше ваква одлука, како што кажа министерот државата можеше да се донесе во ситуација на целосна зависност од Русија.

Компанијата „Макпетрол“ беше известена за преговорите кои ги водеше државата преку „ГА-МА“ со „Булгартрансгаз“ се со цел да се стабилизира пазарот со снабдување на гас. Макпетрол веќе 21 година го има монополот за снабдување со гас во државата, но заврши времето на монополи, ние се заглагаме за либерализација на пазарот, вклучително и пазарот на природен гас како што правиме во другите сектори, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за национална телевизија.
Министерот нагласи дека сите консултации се завршени и ние како држава ги реализираме сите обврски кои ги имаме превземено од Енергетската заедница, а ако не се донесеше ваква одлука, како што кажа министерот државата можеше да се донесе во ситуација на целосна зависност од Русија.
„Со помош на нашите стратешки партнери од Европската унија со макотрпна работа на НЕР и ГА-МА ние успеавме да ослободиме капацитети на гасоводот помеѓу Северна Македонија и Бугарија кој беше целосно закупен од Гаспром, каде што ќе се отвори пазарот и согласно конкуретните цени кој е по квалитативен кој е подобар ќе може да ги снабдува потрошувачите во нашата држава со гас“, рече Бектеши.
Дополни дека претставници од „Макпетрол“ во текот на вчерашниот ден имале состаноци со надлежните институции каде разговарале за сите услови кои се предвидени за договорот меѓу „ГА- МА“ и „Булгартансгаз гас“ и немало никакви забелешки и тие забелешки кои што ги имале биле разјаснети, а денеска без никаква претходна најава доставија соопштение со кое најавуваат прекин на испораката на гас во државата.
„Со сите надлежни институции веќе разговараме за различни опции и најверојатно ќе се најде решение, но според мене ова целосно неодговорно однесување од страна на компанијата Макпетрол и за жал мислам дека може има и надворешни сили што влијат на вакви одлуки, но ние сме демократска држава имаме закони иќе постапиме согласно законите и никој нема да оставиме да биде над државата“, нагласи Бектеши.
Министерот информираше дека во консултација со премиерот Ковачевски дадено е задолжение да се донесе закон со кој ќе се регулира за начинот на однесување на стратешки компании во државата посебно во време на криза, по примерот на Германија и Италија и дека за ова законски решение очекува поддршка од пратениците.
