Наскоро одлука за повисока цена на струјата
Енергетските компании бараат зголемување на цената на електричната енергија. Регулаторот прави анализи. Од Комисијата велат дека доколку се прифатат барањата, поскапувањето ќе биде за 3,5 до 4 проценти, плус зголемениот данок на додадена вредност. Конечна одлука ќе се донесе неделава...

МЕПСО и ЕВН Хоме побараа повисока цена, Електродистрибуција пониска. Енергетските компании направија пресметка за трошоците. Доколку регулаторот ги прифати нивните барања во целост, од 1-ви јануари, цената на електричната енергија ќе се зголеми од 3,5 до 4 проценти, плус ДДВ-то од 4,72 проценти. Неделава ќе се прават анализи, по што ќе се донесе конечната одлука.
Природен гас ќе има и за граѓаните и за компаниите, уверува министерот за економија Бектеши. Откако ЕСМ го распиша новиот јавен повик по препукувањата со Макпетрол, власта открива дека веќе има пристигнато неколку понуди.
Завршена е дебатата за подзаконските акти за либерализација на пазарот со природен гас. Во новата регулатива ќе бидат вклучени и забелешките на дел од компаниите.
Викторија Милевска
