Енергетика
ЕСМ: Во тек се еднодневни сервисно – ремонтни активности на Блок 1 на РЕК Битола
27.12.2022 11:12
Постројката ќе биде со целосен капацитет на мрежа во текот на утрешниот ден...

Утрово во РЕК Битола започнаа сервисно – ремонтни активности на Блок 1 со цел подобрување на неговата стабилност и доверливост во работата. Застојот во производството од овој блок предвидено е да трае во наредните 24 часа. Во меѓувреме, во функција останува Блок 2 на комбинатот, информираат од АД ЕСМ.
Постројката ќе биде со целосен капацитет на мрежа во текот на утрешниот ден.
Снабдувањето со електрична енергија од останатите капацитети на АД ЕСМ продолжува непречено и компанијата не увезува струја за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, стои во соопштението.
