Земјоделство

Се откупуваат последните килограми тутун, просечната откупна цена достигна 290 денари

28.12.2022 13:55

Целокупното производство од годинешната реколта, ќе биде откупено два месеци порано пред истекот на законскиот рок. Откупна цена на тутунот е највисока досега и изнесува 290 денари за килограм. Тутунопроизводителите ќе ги имаат парите на своите сметки токму за новогодишните празници…

Откупот на тутун годинава со историски највисока цена од 290 за килограм. Ова е за 44 проценти повеќе во однос на лани. Производителите задоволни, велат и родот бил добар.

Откупот завршува предвреме и без никакви проблеми, вели ресорниот министер Николовски.

Вкупната вредност на откупениот тутун изнесува 5,8 милијарди денари.

Марија Котовска