Водоводни претпријатија

Со владините мерки избегнат е целосниот колапс

29.12.2022 11:17

Со мерката за влегување на регулираниот енергетски пазар јавните водоводни претпријатија ја преживеаја годината, но завршните сметки ќе прокнижат загуби велат од АДКОМ. Предизвиците остануваат и во новата година. Дали ќе претстои евентуално зголемување на цената одлучува Регулаторната комисија. Битолски „Водовод“ веќе има разработено физибилити студии за поставување фотоволтаици...

Водоводните претпријатија како најзагрозени во делот на јавните комунални претпријатија од енергетската криза со владините мерки го избегнаа целосниот колапс. Но ценовниот енергетски шок сепак ќе остави сериозни финансиски лузни во завршните сметки велат од АДКОМ. Со влегувањето на регулираниот пазар и цена од 95 евра за мегават од една страна и балансирањето со нематеријалните трошоци и високите цени за неопходните репроматеријали од друга страна велат дека успеале да земат мал здив.

Со ова се наметнува и прашањето за второто наше барање што со разликата помеѓу направените трошоци и она што е предвидено во бизнис плановите за новата година. Милевски очекува да наидат повторно на разбирање. Дали ќе има евентуално поскапување на цената на водата вели одлучува Регулаторната комисија.

Првиот човек на битолски „Водовод“ Пеце Милевски нагласува дека намалувањето на трошоците за електрична енергија ќе се бараат и преку сопствени инвестиции за што е изготвена и физибилити студија за поставување на фотоволтаици.

Стевче Митревски