Прилеп

Прилепското стопанство со истите предизвици, ама и со недостиг од работна сила

30.12.2022 13:54

Предизвиците за прилепското стопанство се пренесуваат и нареднава 2023 година. Оваа измина како најспецифична, со испреплетени кризи. Одржливоста и стабилизирањето ќе бидат приоритет, државната помош е пожелна поради цените на енергенсите, а се зголемува проблемот со недостиг од работна сила..

Одржување на ликвидноста, задржување на работната сила и справување со најголемиот проблем уште оваа година – цените на енергенсите и електричната енергија. По една од најспецифичните години со испреплетени кризи, прилепското стопанство сепак успева да се носи со предизвиците, констатираат од регионалната стопанска комора. Извозниците имаат пробив на пазарите, ама државната поддршка ќе се бара и во новата 2023 година.

За стопанствениците се зголемува проблемот со недостиг од работна сила. Мерките се долгорочни, но неопходни се и на пократок рок.

Ставот е дека стопанството може да го поднесе зголемувањето на минималецот. Второто полугодие на 2023 ќе биде време на преструктурирање и стабилизирање.

 

Елизабета Митреска