Битола

Последните три децении во Битола опаѓа малопродажната трговија

02.01.2023 12:05

По транзицијата и осамостојувањето на државата ситната трговија во Битола се осипува. Драстично е намален бројот на продавници кој продаваат мебел, облека, чевли и други работи. До почетокот на пандемијата бројот на активни продажни места паднал на околу 500.Граѓаните и старите малостопанственици со жалење констатираат дека околу Широк сокак денес има повеќе казина и обложувалници за сметка на продажни салони...

Градот, кој од памтивека важел за моќен трговски центар на Балканот од крајот на минатиот век за жал постепено започна да ја ситни дотогаш развиената малопродажната трговија.

Во старата чаршија на многу дуќани висат катанците. Во строгиот центар на градот од поодамна ги нема салоните кој продаваа брендови произведени во бившата Југославија. На битолчани не им е сеедно кога се губи приматот.

Малостопанствениците причините ги гледаат во проблемите кој ги наметна транзицијата, влегувањето на големите корпорации, во еден период големите закупнини на дуќаните, недоволно направеното во ветеното за помош на малостопанствениците и висината на средствата за отворање бизнис. Во односот на некогаш денес драстично е намален бројот продавници кој продаваат мебел, чевли,облека.

Дел од причините лежат и во навиките вели Петровски.

Аранжерот со половина работен век вели нема дуќан на кој не се сеќава и не го украсувал во убавиот период. Сега вели најтешко му е кога се движи во строгиот центар на градот каде има повеќе казина и обложувалници од продажни објекти.

Стевче Митревски