Криза

Граѓаните очекуваат пониски цени и подобар животен стандард

07.01.2023 12:20

Синдикалната минимална кошница сè потешко се полни и веќе ја надмина вредноста од 51 илјада и 500 денари. Дел од производите поевтинија, но цените не се ниту блиску до оние од пред кризата. Граѓаните чекаат компаниите кои почнаа да добиваат субвенционирана струја да понудат и поевтини производи.

Граѓаните во новата година влегоа со надеж за подобро утре, но и со надеж дека ќе им се подобри животниот стандард што сериозно беше нарушен од бранот поскапувања и галопирачката инфлација, која во ноември достигна 19,5 проценти.

Синдикалната минимална кошница сè потешко се полни и веќе ја надмина вредноста од 51 илјада и 500 денари. Дел од производите поевтинија, но цените не се ниту блиску до оние од пред кризата. Граѓаните чекаат компаниите кои почнаа да добиваат субвенционирана струја да понудат и поевтини производи.

Поради инфлацијата, Народна банка изминатава година во неколку наврати постепено ја зголемуваше основната каматна стапка, која достигна 4,75 проценти. Ова повлекува поскапување на комерцијалните кредити, но од друга страна, депозитите ќе ги направи попривлечни. Економистите велат дека во вакво време е клучна хармонизацијата меѓу политиките на фискалната и монетарната власт.

Народна банка за годинава очекува раст на БДП од 2,6 проценти. Проекцијата на Владата со Буџетот е пооптимистична и предвидува раст од 2,9, но и централната и монетарната власт очекуваат забавување на инфлацијата.

Александра Максимовска