Цените на производителите на индустриски производи на месечно ниво пониски за 0,7, а на годишно ниво повисоки за 13,8 отсто
Во ноември 2022, во споредба со октомври 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3,8 %, a во секторот Преработувачка индустрија за 0,6 %, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 0,7 %.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, на месечно ниво се пониски за 0,7 %, а на годишно ниво се повисоки за 13,8 %.
Во ноември 2022, во споредба со октомври 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 3,8 %, a во секторот Преработувачка индустрија за 0,6 %, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се повисоки за 0,7 %.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, пак, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 1,4 %, додека се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 13,8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 31,3 %.
