Енергетика

Блок 3 на РЕК Битола во погон

11.01.2023 14:36

Сите капацитети во домашниот електроенергетски систем во функција, испорачуваат доволно струја за домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар. Во функција и третиот блок на РЕК Битола. Од Регулаторна велат-се зголемува и инсталираниот капацитет од обновливи извори. Лани произвеле струја за да се снабдат шест помали градови во државава...

Сите термоелектрани од домашниот енергетски систем испорачуваат електрична енергија. И третиот блок на РЕК Битола е ставен во функција. Со монтажата на трансформаторот, по две години комбинатот сега работи со полн капацитет. Според надлежните целосно се задоволени потребите за струја на домаќинствата и малите потрошувачи од домашни изври.

Се зголемува и вкупниот инсталиран капацитет за производство на струја од обновливи извор. Лани за седум насто, објави Регулаторната комисија за енергетика, најголем процент 106,5 мегавати од фотоволтаици. Од овие новоизградени електрани може да се снабдат над 67 илјади и 700 домаќинства, обезбедена електрична енергија за речиси шест града, вели Бислимоски. Ќе се работи на подзаконските акти за поставување батерии со коишто ќе се складира вишок произведеното.

Годинава од Регулаторната комисија очекуваат од обновливи извори на енергија да бидат произведени 250 до 300 мегавати струја.

Александра Спировска