Влада

Од март ново усогласување на пензиите

11.01.2023 16:51

Ковачевски и Тренчевска денеска се сретна со претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова...

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска денеска се сретна со претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова и со претставници на Сојузот.

Како што информираат од Владата, на состанокот заеднички е констатирано дека е од голема помош поддршката од Владата на пензионерите, преку усвојувањето на новата методологија за пресметка на пензиите и антикризните мерки.

„Утре пензионерите ќе ја добијат на своите сметки, втората исплата на  финансиската поддршка за пензионерите со пониски пензии од 14.000 денари од вкупно четири исплати, односно финансиска поддршка во времетраење од четири месеци. Следува ново усогласување на пензиите за два месеца во оваа нова 2023 година, во месец март, според трошоците за живот и порастот на просечната плата“, изјави премиерот Ковачевски

Во Буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2023 година, предвиден е трансфер од околу 30 милијарди денари кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за навремена исплата на пензиите и за усогласувањата предвидени со закон, соопштија од владината прес- служба.