Енергетика

Ковачевски: РЕК Битола е во целосна употреба

12.01.2023 17:37

Ковачевски нагласи дека сите напори се насочени за да се обезбеди што поголемо производство на домашна електрична енергија, за да се заштитат граѓаните и фирмите од енормно високи цени на струјата, што ги наметнува светската криза од војната во Украина и констатираше дека резултатите доаѓаат кога се работи одговорно, чесно и посветено.

Премиерот Ковачевски денеска беше во посета на РЕК Битола каде е пуштен во употреба и третиот блок на Комбинатот.

„РЕК Битола работи со полн капацитет. Монтажата на новиот трансформатор, што го изработи турската компанија Астор заврши успешно. Пуштен е во употреба и третиот блок во РЕК Битола, којшто веќе испорачува електрична енергија. Ова е голем и значаен придонес во зголемувањето на домашното производство на електрична енергија“, посочи премиерот Ковачевски.

Ковачевски нагласи дека сите напори се насочени за да се обезбеди што поголемо производство на домашна електрична енергија, за да се заштитат граѓаните и фирмите од енормно високи цени на струјата, што ги наметнува светската криза од војната во Украина и констатираше дека резултатите доаѓаат кога се работи одговорно, чесно и посветено.

РЕК Битола произведува над 60 проценти од домашното производство на струја. Во 2023 година, планирано е над 70 проценти од домашно производство на електрична енергија да биде произведено од термоелектраните во сопственост на државата.