Светска банка ги намали проекциите за раст на македонската економија
Намалена е и проекцијата за 2024-та, кога растот на БДП би изнесувал 2,7 отсто.

Светска банка направи надолна корекција на проекциите за македонската економија. Оценката во најновиот извештај е дека БДП на земјава ќе порасне за 2,4 проценти, за 0,7 проценти поени пониско од првично објавена проекција во јуни. Намалена е и проекцијата за 2024-та, кога растот на БДП би изнесувал 2,7 отсто.
Во Западен Балкан, Светската банка предвидува раст од 2,5 проценти во 2023 година, наспроти првично проектираниот од 3,1 проценти.
Кога станува збор поединечно за државите од регионот, пак, се проектира раст од 2,2 проценти во Албанија, од 2,3 проценти во Србија, а поголем во Босна и Херцеговина од 2,5, во Црна Гора од 3,4 проценти и во Косово од 3,7 проценти.
