ЕСМ

ЕСМ: Набавка на природен гас за февруари 2023 година, со дефинирани услови

13.01.2023 14:08

ЕСМ Продажба, информира дека во декември 2022 година, објави повик и спроведе постапка за набавка на природен гас за месец јануари 2023 година за свои потреби, како и за потребите на други стопански субјекти во државата...

ЕСМ Продажба, информира дека во декември 2022 година, објави повик и спроведе постапка за набавка на природен гас за месец јануари 2023 година за свои потреби, како и за потребите на други стопански субјекти во државата.

Јавниот повик беше достапен за сите домашни и странски компании, додека до сите активни лиценцирани трговци и снабдувачи во Р. Северна Македонија беше испратена и директна покана за поднесување понуда.

На повикот беа добиени две понуди за испорака на природен гас, од Макпетрол со цена од 116,20 e/MWh и од Балкан Јутилитис со цена од 115,97 е/MWh.

На денот на носење на одлуката за избор, цената на природниот гас на берзата изнесуваше 137 e/MWh.

Со понудувачот, кој имаше понудено пониска цена во моментот на носење на одлуката за избор, склучен е валиден деловен договор кој ги содржи сите параметри од јавниот повик, односно количина, цена, динамика и гаранција за испорака.

ЕСМ Продажба во текот на јануари ќе спроведе јавен повик за набавка на природен гас за февруари 2023 година, со дефинирани услови, стои во соопштението на ЕСМ.