Македонија

Намалувањето на цените ќе зависи од цената на суровините

16.01.2023 15:09

Граѓаните велат дека во најтешкиот месец за домашниот буџет, сè уште само го чекаат најавеното поевтинување на цените. Дел од економистите со став производителите и трговците ја искористија ситуацијата со инфлацијата, ги зголемија цените повеќе од реалното. Бизнисот реагира сега е период на стабилизација, нема нови покачувања...

Во најдолгиот месец во годината, како што велат граѓаните, по домашниот буџет сè уште не се чувствува најавеното поевтинување. Реагираат, во маркетите на рафтовите стојат стари цени.

Производителите и трговците во бизнисот на храна ја искористија ситуацијата со инфлацијата, ги зголемија цените повеќе од реалното, вели професорот Бранимир Јовановиќ.

„На целата ситуација имавме влада која само гледаше што се случува и постојано кажуваше дека фирмите се не хуманистични ама не преземаше ништо за да го спречи тоа. Тоа е едноставната причина зошто Македонија има највисока инфлација не само во регионот на Западен Балкан туку речиси и во цела Источна Европа. Имаме фирми на кои им е важно само личното богатство, алчни фирми и влада која како да не е оттука, како да живее на друга планета“, рече проф. д-р Бранимир Јовановиќ.

„Процесот на намалување на цените е во тек, сега е период на стабилизација, нема нови покачувања“, изјави Ѓорѓиевски од Агро-бизнис комората. До пред субвенционирањето струјата беше причина за поскапувањата, сега се цените на суровините, од нив ќе зависи крајната сума по која ќе се продаваат продуктите.

„Дел е струјата, во зависност дали станува збор за прехранбената, млечната, месната или пекарската, која учествува со, чинам, од 7 до 15%, а пресудни се влезните суровини, кои се 97,8%, и зголемувањето на платите за човечки ресурси“, изјави Горан Ѓорѓиевски, претседател на Агро-бизнис комората.

Кај производителите профитот е 2 до 5 процени, кај маркетите за истите производи 20 до 35 проценти“, објаснува Георгиевски. МТВ побара одговор од пазарната инспекција, немаме одговор колку контроли се извршени, дали и колку неправилностите се регистрирани“.

Александра Велинова