РКЕ
Повисока цена на горивата од полниќ
16.01.2023 16:50
Литар Еуросупер БС- 95 од утре ќе се продава за 80 денари за литар, Еуросупер БС- 98 за 82,5, Еуродизел за 81,5 и Екстра лесното за 81 денари...

Малопродажната цена на бензинот од 95 октани од полноќ се зголемува за еден денар, а на 98-ката за 1,5 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. За еден денар поскапува и дизелот, а за 1,5 денари екстра лесното масло за домаќинство.
Литар Еуросупер БС- 95 од утре ќе се продава за 80 денари за литар, Еуросупер БС- 98 за 82,5, Еуродизел за 81,5 и Екстра лесното за 81 денари. Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,176 денари и еден килограм ќе чини 39,459 денари.
