Животното осигурување во подем
Според најновите податоци на Агенцијата за супервизија на осигурувањето речиси 300.000 граѓани имаат животно осигурување, што е за околу 40 проценти повеќе во односот на минатите години. Од осигурителните компании велат подем има и во осигурувањето на недвижностите и имотот на приватниот капитал. Граѓаните го знаат бенефитот, но изборот на осигурителниот пакет е според економската моќ...

Пандемија, воени конфликти, економски кризи, различни сообраќајни и друг вид несреќи кои секојдневно се закана за човечкиот живот. Живееме во услови кога вистински треба да се запрашаме колку вреди, знаеме или имаме можност да го осигураме нашиот живот.
Дека лекцијата од случувањата во блиското минато и сегашноста забрзано се учи потврдува и нашата анкета.
Тоа го посакуваат и останатите граѓани, но велат не дозволува економската моќ. И од осигурителните компании не кријат дека обемот на полиси за животно осигурување се зголемува. Пакетите се од најмала па се до 70 годишна возраст и се однесуваат на заштита од 20 најтешки болести, па се до најтешките состојби.
Зголемено е осигурувањето и на недвижниот имот како на граѓаните така и на малостопанствениците.
Паришко напоменува дека посебно животното осигурување е една комбинација од осигурување и штедење бидејќи после завршувањето на полисата доколку се е во ред со клиентот солиден процент од средствата се негови.
Стевче Митревски
