Енергетика
ЕСМ произведе 16.677 MWh електрична енергија, целосно задоволени домаќинствата и дополнителните снабдувања
19.01.2023 11:24
Целосно со сопствена произведена енергија задоволени се потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.

АД ЕСМ вчера произведe 16.677 MWh електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.
Во Термоелектраните произведени се 13.821 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.856 MWh, информираат од владината прес- служба.
