Бочварски: Започнавме со реконструкција на локални улици во Виница
При посетата на Виница, министерот Бочварски изврши увид во градежните активности на реконструкција на локалниот пат од населеното место Блатец до Детлово, кои се започнати пред неколку денови...

Реализацијата на инфраструктурните проекти продолжува и оваа година со силно темпо, сите капитални проекти се реализираат со силна динамика исто како и минатата 2022 година, во која имавме рекордно високо ниво на реализација на капиталните инвестиции, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска оствари работна посета на општина Виница.
При посетата на Виница, министерот Бочварски изврши увид во градежните активности на реконструкција на локалниот пат од населеното место Блатец до Детлово, кои се започнати пред неколку денови.
Тој истакна дека започнуваат и градежните активности во општините Чашка и Велес, исто така преку Проектот за рехабилитација на локалните патишта во општините.
Владата преку Министерството за транспорт и врски останува посветена во реализација на својата инфраструктурна програма. Поддршката за локалните самоуправи продолжува во континуитет, обезбедувајќи побезбедни локални патишта по кои ќе се патуваат граѓаните.
