Поголема сигурност за работното место и намалување на одливот работници
Новиот предлог закон за работни односи кој е во јавна расправа, ја нуди една од клучните одредби за зголемување на сигурноста на работниците. Досегашната ситуација многу влијае на одливот на младите во странство. Се бара и регулирање на агенциите за времено вработување, вметнување на колективните договори и поголемо синдикално организирање...

Вработувањето на определено време да се скрати од пет на две години, е една од клучните измени во новиот предлог закон за работни односи. Крајно време е да се обезбеди правна и социјална сигурност за работниците.
Неизвесноста за работното место е една е од причините што младите заминуваат, смета Лазар Ангелески, синдикален експерт кој 40 години бил во синдикалното раководење. За него не држат место реакциите на работодавците бидејќи досега се злоупотребуваше работната ангажираност.
Неопходно е да се напушти привременото вработување преку задруги и агенции дури и на одговорни места во институциите. Тоа вработување е за времени работи од општ ранг.
Во законот треба да се вметнат колективните договори како решавање на работните односи, а и да се зајакне синдикалното организирање. Светот практикува и мотивирање на вработените со акции за стекнување лојалност во компанијата.
Елизабета Митреска
