Енергетска трансформација
Енергетската криза и растот на цената на струјата ги принуди граѓаните и компаниите, спас да бараат во фотоволтаиците. Се зголемува производството на енергија од обновливи извори. Досега, во функција се ставени над 30 мегавати, јавни повици има за вкупно 140 мегавати...

Сонцето, ветерот и водата во време на економска криза мора максимално да се искористат за да имаме стабилно снабдување со електрична енергија. Досега се спроведени два јавни повика од страна на Министерството за економија за премиум тарифи на електрична енергија од 140 мегавати, кои имаат рок до 2025 година. До сега инсталирани се 31 мегават, информира Агенцијата за енергетика.
Но, државата треба повеќе да ги мотивира граѓаните и компаниите да поставуваат фотоволтаици, зашто така и самите ќе си ги намалат сметките за струја.
Според директорот на Агенцијата за енергетика, Дарио Николовски, зелената енергетска трансформација не значи само производство на електрична енергија од обновливи извори, туку и зелена економија која би донела зголемен буџет и заштита на животната средина.
Анита Никушева – Јованчев
