Енергетика

АД ЕСМ произведе 18.045 MWh електрична енергија, целосно задоволени потребите на домаќинствата и малите потрошувачи

23.01.2023 09:31

АД ЕСМ произведе 18.045 MWh електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбената индустрија и други витални државни субјекти...

АД ЕСМ на 22.01.2023 година произведе 18.045 MWh електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбената индустрија и други витални државни субјекти.

Во термоелектраните произведени се 15.002 MWh, а во хидроелектраните и во ветерниот парк Богданци произведени се 3.043 MWh, информираат од владината прес- служба.