РКЕ

Повисока цена на горивата од полноќ

23.01.2023 13:50

Еуросупер БС-95 ќе се продава за 83 денари, дизелот за 84, а екстра лесното за 83,5 денари за литар. Бензинот од 98 октани останува со иста цена, а поскапува мазутот.

Нови цени на горивата од полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Бензинот од 95 октани, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар.

Еуросупер БС-95 ќе се продава за 83 денари, дизелот за 84, а екстра лесното за 83,5 денари за литар. Бензинот од 98 октани останува со иста цена, а поскапува мазутот.

Во просек, малопродажните цени се зголемуваат за околу 0,5 проценти.