Влада

Произведени 16.603 MWh електрична енергија, домаќинствата и дополнителните снабдувања целосно задоволени

24.01.2023 10:09

Во Термоелектраните произведени се 12.225 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.378 MWh...

АД ЕСМ вчера произведе 16.603 MWh електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти.

Во Термоелектраните произведени се 12.225 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.378 MWh, информираат од владината прес- служба.