ЕСМ: РЕК Битола нема дефект на Блок 1, плански е исклучен од мрежа
Блок 1 на РЕК Битола е плански исклучен од мрежа заради повеќе интервенции на различни позиции во постројката. Предвидено е активностите да завршат до сабота и викендов Блок 1 повторно да биде ставен во функција, велат од компанијата.
ЕСМ ги демантира информациите на ВМРО- ДПМНЕ. Соопшти дека во РЕК Битола нема дефект на Блок 1, ниту било какви други сериозни проблеми на некоја од постројките.
Блок 1 на РЕК Битола е плански исклучен од мрежа заради повеќе интервенции на различни позиции во постројката. Предвидено е активностите да завршат до сабота и викендов Блок 1 повторно да биде ставен во функција, велат од компанијата.
Активностите се преземени плански токму деновиве бидејќи сите останати капацитети на АД ЕСМ се во погон и произведуваат електрична енергија со која во целост се задоволуваат потребите на домаќинствата, на малите потрошувачи и на останатите капацитети согласно владините задолженија, стои во соопштението.
