Рибарство

Финансиска помош за рибарство

27.01.2023 07:39

Објавен е огласот за субвенционирање на рибарството. Финансиски ќе се поддржуваат изградбата на пунктовите, мрестилиштата и мандрите на Дојранско езеро. Рокот за поднесување на документите е до 31-ви јануари...

За изградба на нови, реконструкција и адаптација на риболовни пунктови, за надомест за услуга за користење на постоечки пунктови барателите имаат право на 100 процентно покривање на трошоците или најмногу до еден милион денари.

Исто толкав процент или максимални 1,5 милиони денари може да се добие и за мрестилишта за производство на репродуктивен и порибителен материјал.

Финансиска поддршка од 1 милион денари ќе има и за мандрите на Дојранското езеро.

Право на користење на средствата имаат единици на локална самоуправа, регистрирани репроцентри за производство на репродуктивен и порибителен материјал или концесионерите на риби за вршење риболов.

Доколку до Агенцијата се поднесат повеќе барања отколку што има расположливи средства предност им се дава на оние кои ги поднеле потребните документи порано од останатите.

Барателите не смеат да почнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на договор за ко-финансирање со платежната Агенција.

Сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите, обрасците може да ги достават најдоцна до 31-ви јануари, лично во платежната Агенција или преку пошта.

Методија Трајков