Енергетика

Произведени 18.449 MWh електрична енергија

27.01.2023 10:12

Во Термоелектраните произведени се 11.850 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 6.599 MWh...

АД ЕСМ вчера произведе 18.449 MWh електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти.

Во Термоелектраните произведени се 11.850 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 6.599 MWh, информираат од владината прес- служба.