Македонија

Прилепски водовод со субвенционирана струја до преполовени трошоци

27.01.2023 14:07

Ефективно е користењето субвенционирана струја за прилепски водовод. Преполовени се трошоците, а сметките за граѓаните се вратени пред поскапувањето. Најголемиот потрошувач, пречистителната станица го користи метанот за производство на струја. Водовод од државата бара можност за фотоволтаици...

За околу 50 насто прилепски водовод ги намалува трошоците со субвенционираната струја. Ќе немаат долгови, редовно ќе ги сервисираат обврските, а граѓаните добиваат стари сметки од пред поскапувањето.

Дури 80 насто од сметката за струја е од пречистителната станица, претпријатието ја направи функционална и од метанот почна да произведува струја. Сега до 15 проценти ги покриваат трошоците, интенција е да стигнат до 20 насто, а идеално е со ваквото производство да ја преполоват сметката на станицата.

Тоа би го постигнале и со фотоволтаици, има проект за производство на 540 киловати, ама нема дозвола од државата за регистирање на дејноста.

Субвенционираната струја е до април. Прилепски водовод бара начин долгорочно да ги намали трошоците на струјата, потребна е и државна поддршка.

 

Бети Митреска