Енергетика

АД ЕСМ постигна највисоко дневно производство во последните 10 години

30.01.2023 14:57

Во моментот прозведуваат сите електрани, односно вклучени на мрежа се трите блока во РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино со два котли, гасната електрана Енергетика-КОГЕЛ, ветерниот парк Богданци...

АД ЕСМ во текот на вчерашниот ден преку капацитетите со кои располага произведе 21.229 MWh електрична енергија, што претставува највисоко дневно производство во последните 10 години- информираат од компанијата.

Во моментот прозведуваат сите електрани, односно вклучени на мрежа се трите блока во РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино со два котли, гасната електрана Енергетика-КОГЕЛ, ветерниот парк Богданци, додека хидроелектраните се користат само за системски и балансни услуги, притоа зачувувајќи ги акумулациите на речиси просечното десетгодишно ниво.