Економски панел за економски развој
Стопанската комора незадоволна поради огромниот фонд закони што не се спроведуваат во практика. Нема одговорност за неостварените инвестиции, тврди Азески. Од Владата одговорија, реализиравме повеќе инвестиции отколку претходниците за 10 години...

Годишнината од Владата на Ковачевски, бизнисот ја честита со ставот-потребно е почитување на нашите барања, не сме задоволни од суштинската соработка, да се продлабочат меѓусебните консултации. Стопанската комора им бара поголема спремност во владеење на правото и почитување на пазарните законитости.
Идентичен е ставот за зголемување на квотите за увоз на работна сила, но каде се потрошените пари за стипендии за млади кои заминаа на странски универзитетите и не се вратија да го поддржат бизнисот, прашува Азевски.
Кој ќе ја преземе одговорноста за доцнењето на инфраструктурните проекти што го кочат бизнисот, прашуваат од Комората. Премиерот согласен дека тие се клучни за економијата, но вината кај префрла кај Опозицијата, овој тим докажа дека може да ги одглави лошо проектираните работи пред 10 години и да ги спроведе, изјави Ковачевски.
Се работи на долгорочната стратегија со која треба да се реструктурира македонската економија, не само странските, ги поддржуваме и домашните инвестиции велат од Владата. Академската јавност предупредува со истите мерки на страна на фискалната и монетарна политика не може да се борите во оваа криза, како во случај на големата рецесија и ковидот. Инфлацијата расте.
Фокусот годинава да биде ставен на јавните инвестиции, меѓу другото да се помогнат домашните компании да се вклучат во регионалните синџири на вредности преку соработка и производство за странските компании во зоните, е еден од заклучоците на економскиот панел за економски развој во рамки на владината конференција.
Сузана Фиданска Стоевска
