Енергетика
Произведени 19.942 mwh електрична енергија, целосно задоволени домаќинствата и дополнителните снабдувања
31.01.2023 10:19
Целосно со сопствена произведена енергија задоволени се потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти...

АД ЕСМ вчера произведe 19.942 MWh електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти.
Во Термоелектраните произведени се 14.845 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.097 MWh, информираат од владината прес-служба.
