Енергетска криза

Зголемување на цената на струјата нема да има, тврди Ковачевски

31.01.2023 11:38

Во погон се сите државни капацитети, производството на електрична енергија е зголемено, уверува премиерот Ковачевски. Нема проблеми во снабдувањето со природен гас.

Зголемување на цената на струјата нема да има. Во погон се сите државни капацитети, производството на електрична енергија е зголемено, уверува премиерот Ковачевски. Нема проблеми во снабдувањето со природен гас.

„Минатата година ЕСМ успеа да го зголеми производството на електрична енергија за 20% во однос на претходната година. За оваа година планот е повторно зголемување на производството на електрична енергија. Драго ми е што вчера видовме податок дека во текот на вчерашниот ден се произведени над 21 мегават/час електрична енергија што е најголемо производство во еден ден во изминатите 10 години. И тоа дава основа да може да правиме пресметки врз основа на коишто нема да има зголемување на цената на електричната енергија“ рече премиерот Ковачевски на денешниот панел во рамки на годишната конференција „Година на нови можности“.

Ковачевски истакна дека иако очекувањата на сите беа дека ќе има зголемување на цената на електричната енергија на почетокот од годината, со 100% покривање на потребите за електрична енергија за домаќинствата сметките за малите потрошувачи се намалија за 20%.

ЕСМ го понесе најголемиот товар во време на енергетска криза, иако имаше одредени потешкотии, вели директорот на ЕСМ, Ковачевски. 2023-та ќе биде годинава на предизвици, но од Владата уверуваат дека успешно ќе се надминат.