Економија

Битиќи: Развојната банка- партнер за поддршка на економскиот развој

01.02.2023 11:03

Во секоја развиена земја токму Развојната Банка ја има таа улога и сум горд дека и во период на криза тоа го направивме и сметам дека имаме партнер кој го немавме пред пет години, рече вицепремиерот Битиќи...

Во последните три години преку Развојната банка се пласирани речиси 300 милиони евра за поддршка на 7.500 проекти, беше соопштено на дискусијата за инвестициите и економски развој во година на криза на владината конференција „Година на нови можности“, на која учествуваа вицпремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и директорот на Развојната банка, Кире Наумов.

Не само што ја докапитализиравме Развојната банка, успешно и умешно креираа механизми заедно со Владата во кои пилотираа и беа пионери во финансискиот пазар во нашата земја. Во секоја развиена земја токму Развојната Банка ја има таа улога и сум горд дека и во период на криза тоа го направивме и сметам дека имаме партнер кој го немавме пред пет години, рече вицепремиерот Битиќи.

Кредитните линии беа насочени кон поддржување на ликвидноста на компаниите, инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, зачувување и отворање на нови работни места, со што во изминатите три години, се зачуваа околу 40.800 и се отворија околу 1.500 нови работни места, нагласи директорот на Разјвојната банка, Наумов.