Дизелот поевтинува за 2,5 денари, цената на бензините останува иста
Нови цени на горивата од полноќ. Со одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08 отсто...

Дизелот од полноќ повтинува за 2,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена ќе изнесува 82 денари. Поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство за два денари. Цените на бензините и на мазутот не се менуваат.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,648 отсто, кај дизелот за 4,145, кај екстра лесното масло за 4,165 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 0,451 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,131 отсто.
