Финасии

Нема повисоки плати, Бесими ја поништи одлуката

01.02.2023 19:24

Вработените во Министерството за финансии, нема да добијат зголемување на платите за 30%, зашто што министерот Фатмир Бесими, ја поништи одлуката...

Вработените во Министерството за финансии, нема да добијат зголемување на платите за 30%, зашто што министерот Фатмир Бесими, ја поништи одлуката. Во знак на револт, спонтано, вработените ги напуштија работните места и излегоа на предупредувачки штрајк пред зградата на министерството, зашто не го добиле ветеното покачување.

Со став се јавија и од УПОЗ, од каде што велат дека Бесими, сторил кривично дело и го прекршил законот кој самиот го бранел, бидејќи решил да ги повлече сите решенија кои вработените веќе ги добиле а со кои им се зголемена плата за 30 отсто.

Од Министерството, пак, појаснија дека иако намерата била да се реши прашањето, сепак, се покажало дека е потребно допрецизирање на законот, зашто неможело да се утврди специфичноста на работните задачи и оти тоа ќе се направи со системско решение во рамки на јавниот сектор.