ЕСМ: Греењето во Скопје ќе биде исто за сите потрошувачи
Промените значат дека одреден број потрошувачи приклучени на ЕСМ Енергетика сега ќе добиваат греење од 6 до 22 часот, како што се снабдува целиот град, и со средна дневна температура во просториите од 20 до 21 степен, како што е пропишано во мрежните правила одобрени од Регулаторната комисија. Овие потрошувачи на Енергетика досега добиваа парно греење 24 часа.

ЕСМ спроведе промени во системот на греење на град Скопје во правец на стандардизирање и воедначување на греењето, односно исти услови за сите потрошувачи, кои ги има вкупно 62.000 домаќинства, деловни објекти и институции, информираат од компанијата.
Промените значат дека одреден број потрошувачи приклучени на ЕСМ Енергетика сега ќе добиваат греење од 6 до 22 часот, како што се снабдува целиот град, и со средна дневна температура во просториите од 20 до 21 степен, како што е пропишано во мрежните правила одобрени од Регулаторната комисија. Овие потрошувачи на Енергетика досега добиваа парно греење 24 часа.
„Од 1 февруари, 2.000 потрошувачи од Енергетика, од вкупно 4.000, се префрлени на мрежата на ЕСМ Снабдување (главната градска мрежа на која се снабдува Скопје), додека за другите 2.000 кои остануваат на Енергетика во следниот период ќе се направат технички подготовки од следната грејна сезона да добиваат греење како и останатиот дел од градот. По воведената промена, сметките во населба Автокоманда нема да се покачуваат како што се појавија шпекулации, а сметките на училиштата, градинките, деловните објекти и други институции и ќе се намалат до 45%“, соопштуваат од ЕСМ.
Причината за воведените промени е тоа што ЕСМ Енергетика ќе ги стави надвор од употреба старите парни котли кои немаат техничка можност за дневно гаснење и затоа греењето беше испорачувано 24 часа со енормна потрошувачка на гас.
Котлите се градени во едно друго време и за друга намена, а тоа било снабдување со технолошка пареа на производните металуршки капацитети во комплексот Железара и од тие причини испораката на топлинска енергија преку нив со овие цени на гасот е неодржлива. Поради старата технологија, овие котли при работењето значително ја загадуваат и околина. Доколку се продолжеше со истиот начин на работа, со овие цени на енергенсите, тоа ќе чинеше дополнителни 15 милиони евра од буџетот по грејна сезона- велат од компанијата.
